„Белиот трофеј“ книга на струмичанецот Блаже Аризанов како создаде милионски бизнис во Индија

јуни 27, 2018

Во есента 2016 година гледа како вработените ги креваат последните парчиња мебел од станот затоа што им должи плата за три месеци. По две години фирмата се вивнува во стратосферата со милионски приходи и станува една од Деветте најпросперитетни индиски стартап компании за 2018 година според Форбс Индија.

„Белиот трофеј“ го следи бизнис-патешествието на Блаже Аризанов, роден во осиромашено семејство во струмичкото село Борисово, кој во 2011 заминува во Индија и по 4 години ја основа компанијата Стејанкл (Stay Uncle), која за кратко време предизвика вистинска револуција во древната земја. Со своите радикални маркетинг-методи, преку предизвикување на традиционалните индиски вредности, Блаже Аризанов успеа да сруши многу табуа, но во исто време да го доведе својот и животите на своите вработени во потенцијална опасност. И додека популарните телевизиски канали повикуваа на медиумски линч кон младата компанија, каналот Дискавери си го пробиваше патот низ трошните сокаци за да го пронајде подрумчето од кое тимот ја водеше компанијата за која сакаа да направат репортажа…

Низ што сè поминува македонскиот претприемач обидувајќи се да го промовира концептот на хотели за краток љубовен престој во земјата со најголем број млади луѓе во која сексот и отворените врски се сè уште табу? Каде го наоѓаше излезот во моментите на најдлабок очај, кога се чинеше дека сите, па дури и неговиот сопствен тим, се против него?

ПРОЧИТАЈТЕ ЗА БИЗНИСОТ НА БЛАЖЕ АРИЗАНОВ ВО ИНДИЈА НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ