6 малку познати факти за Струмица во револуционерниот период

јануари 25, 2019

*сликата е снимена од авион, во 1917 година

Струмица е град кој се карактеризира со долга и испреплетена историја, околу која честопати се водат жестоки дискусии. Во продолжение, 6 помалку познати факти за нашиот град во револуционериот период, кој започнува со основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Тогаш, Струмица станала седиште на Струмичкиот револуционерен округ кој во неколку наврати бил посетуван од самиот Гоце Делчев.

  • Еден од првите кои ги прифатиле идеите на организацијата бил Стојан Георгиев, роден во Дабиље, кој бил главен егзархиски учител во градот.
  • Во близина на Струмица, кај селото Градошорци се случило ослободувањето на американската мисионерка Мис Елен Стон во Аферата мис Стон во 1902 година. По пуштањето, таа се упатила во куќата на протестантското семејство Белеви во Струмица.
  • Првата тешка провала во Струмичко била така наречената Струмичка афера од 1901 година, кога биле убиени пет Албанци во Ново Село, по кое биле уапсени 30 души во Струмица заедно со раководителот Стојан Георгиев.
  • На конгресот во Солун во јануари 1903 година било решено да се крене востание во Македонија. Но, Струмичката окружна организација не одржала конгрес, како што тоа го сториле некои други окрузи. Тоа е причината поради која во Струмичко за време на Илинденското востание не дошло до посилни акции на чети, иако такви се предвидувале.
  • Во 1897 година Гоце Делчев пристигнал во Струмица со намера да го фати на Назлам-бег за откуп.  Чифлик-сајбијата бил фатен додека се упатувал кон својот имот во Василево, но откако бил однесен во Нивичино, успеал да побегне.
  • Во времето кога се случила контра-револуцијата од страна на султанот Абдул Хамид II, од Струмичко како доброволци за задушување на бунтот биле Атанас Караманов, Костадин Самарџиев и Крсто од Сачево, на кои во Дојран им се придружил и Чернопеев, и оттаму со воз тргнале за Цариград (денешен Истанбул). Уставниот поредок во царството било одбранет, а Абдул Хамид бил детониран од престолот.
Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ