5 помалку познати факти за село Муртино

јули 23, 2019

Сместено во струмичкото поле, на само 8 километри од Струмица, се наоѓа селото Муртино. Ова работливо село граничи со 8 други села – Свидовица, Банско, Сачево, Моноспитово, Робово, Еднокуќево, Бајрамбос, Кочули и низ годините го задржува епитетот на село кое никогаш не замира.

Во продолжение, помалку познати факти за селото Муртино:

  • Првите податоци за селото датираат од турско време

Првобитната местоположба на селото била на ридот кој се наоѓа на Беласица, јужно од сегашната положба на селото. Сегашната местоположба е некогашен чифлик на турскиот бег.

  • Името на селото доаѓа од името на бегот Мурат

Се верува дека името на селото потекнува од бегот Мурат, кому и му припаѓал чифликот. Според остатоците од записите, бегот бил познат по својата дарежливост и заштитнички настроениот дух кон своите соселани.

  • Првиот познат населеник на селото е дедо Јове, а неговите денешни наследници се семејството Јовеви

Првиот познат населеник е така наречениот дедо Јове, кој се преселил од мариовските села и дошол во Муртино, бидејќи убил некој познат Турчин и за да не биде убиен се преселил со своето семејство. Тој имал неколку синови од кој најпознатиот се викал Атанас, тој бил кмет на селото и многу богат човек, го помагал Илинденското востание и го криумчарел Гоце Делчев, преку Беласица да оди во Солун. Давал пари и за да се купи оружје и муниција. Сѐ уште има остатоци од ова семејство на Дедо Јове, сега познати како Јовевци, сите живеат во маалото наречено Чифлик.

  • Село Муртино некогаш беше општина

Почнувајќи од 1996 година, селото станува општина. Во состав на општината влегуваат и селата Моноспитово, Бансκо и Сачево. Општина Муртино постои само 8 години, зошто со новиот закон за територијална поделба, Моноспитово се припојува во Општина Босилово, а Муртино со Бансκо и Сачево се припојуваат во Општина Струмица.

  • Селото има околу 2.200 жители

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.209 жители. Се разбира, со засилената миграција, овој број е драстично намален.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ