strumica denes logo

5 интересни нешта сврзани со новогодишните празници!

Автор:

Датум:

декември 24, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

декември 24, 2019

Категории:

Култура

Во екот на подготовките за претстојните празнични денови, неизбежно е да се забележат некои појави кои традиционално се повторуваат низ годините.

  •    Масовните собири со колегите од работа

Колешките со најголем број меѓусебни недоразбирања се една до друга на орото и гласно наздравуваат со чашките додека во позадина оди некоја екс-ју песна, се’ за правилно испразнување на празниците!

  •     Подарок од Дедо Мраз – минимум 3 килограми повеќе

Знаеме дека посетите кај роднините и родителите не минуваат со чашка вино и лесна закуска. Празникот не е празник ако на големата маса нема место за соленките, а ти не празнуваш вистински ако не го пополниш и најмалиот агол од желудникот.

  • „Странците“ се враќаат и правопропорционално намалува бројот на слободни места низ рестораните
  • Не сакаш да си го отвориш паричникот и да провериш што останало внатре.. може и да нема ништо.
  • За организираното славење, порано девојчињата даваа помалку пари од машките, имајќи во предвид дека тие не учествуваат во купувањето алкохол.