bandr
Култура

5 интересни факти за село Просениково

Оддалечено само 4 километри од Струмица, селото Просениково може да се пофали со одлична местоположба. Граничи со  Добрејци, Пиперово, Дабиле, Чанаклија и  Сарај, а населението претежно се занимава со земјоделството.

  • Селото се споменува во времето на царот Душан. Според народните преданија, ова населено место е мошне старо и постоело уште пред доаѓањето на Османалиите на Балканот.
  • Селото е познато по својата плодна земја – од вкупно  507 хектари, 373 се обработлива почва.
  • Според последниот попис, селото брои 1550 жители.
  • Слава на селото е празникот Мала Богородица.
  • Интересна е легендата поврзана со името на селото. Се раскажува дека во денешно време жителите во својата исхрана, наместо пченечен леб, употребувале просеник. Немаштијата ги натерала да се хранат со леб од просно или пченично брашно, печен под вршник.  Со текот на времето, селото го добило денешното име.