5 факти за Мокрино кои со сигурност не ги знаете

август 7, 2019

На границата со селото кое има синонимно име, Мокрино и неговите извори опстојуваат низ вековите. На само 23 километри од центарот на Струмица, ова селце честопати мами посетители со неговата недопрена природа.

  • Во атарот на селото се наоѓа населба од римско време наречена Ќерамидарка

Според археолошките споменици и архивските материјали уште пред новата ера тука живееле тракиски племиња меѓу кои попознати се: Добери, Астраи и Џори кои главно ги населувале повисоките места, подножјата на Беласица, Огражден и Еленица. Ваквата поставеност на населените места се променила по доаѓањето на Словените, кога настанало најголемо мешање помеѓу староседелското и новото словенско население.

  • Точна претпоставка за потеклото на името нема

Старото име на Мокрино не е познато. До ден денешен се пренесува легендата дека селото Мокрино името го добило по своето мокро поле и мочурливите места во својот атар, па така кога другите жители се преселиле на тоа место започнале селото да го нарекуваат Мокрино. Во повеќе средновековни документи се споменуваат денешните имиња на повеќе струмички села, меѓу кои спаѓа и селото Мокрино, кое се споменува како посед на некој Рудл, кој живеел во Струмица.

  • Селото е едно од ретките во кое за време на турското ропство не се населиле Турци – останало чисто христијанско се’ до ослободувањето

Важно е исто така што се одбележи дека меѓу сите села само во Мокрино не се населиле Турски Колонисти, односно селото за цело време во турско ропство останало христијанско и највероватно ги обавувало сите христијански обреди и обичаи во црквата Св. Константин и Елена.

  • Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда

Од трите Мокрински извори истекуваат 40 литри вода во секунда. Температурата на водата е секогаш иста, без оглед каква е надвор температурата. Потокот што потекува од изворот никогаш не замрзнал. Ова се должи веројатно на големата длабочина на изворот и силината на водата. Се смета дури дека тој е поврзан со Дојранско Езеро. Поради количеството и силината на овие води, во минатото околу овде имало многу воденици.

На 2 август целото население од селото се собира на Мокринските извори. Овој ритуал се изведува со цел да не пресуши изворот, како што тоа се случило еднаш во минатото.Според легендата, годината кога не се дало курбан, изворите пресушиле, поради кое жителите веќе на 4 август повторно дале курбан по кое водата повторно протекла. Поради тоа, оттогаш наваму ниту една година не е пресконат датумот.

  • Со потекло од селото е познат македонски актер, Лазар Бараков, познат по улогите во македонските народни приказни

Лазар Бараков е роден на 24 мај 1954 година во село Мокрино, тој е македонски филмски глумец, познат по улогите во македонските народни приказни, „Тврдокорни“ , „Погрешно време“ и многу други.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: