Во екот на свадбени и матурски прослави, за струмичани стана вообичаена работа да си закажат термин за фотосесија, што не е баш обичај за останатите македонски градови. Бидејќи сме во текот со модерното, тимот на Струмица Денес ги одбра 5 – те најдобри локации за успешна фотосесија на отворено, без тука да спадне веќе познатото езерце во паркот.
- Патот за манастирот „Св.Илија“
-трим патеката до манастирот „Св.Илија“ може да биде одлична локација за фотографирање, особено ноќно време, кога во позадина светлата на градот блескаат создавајќи илузија на ѕвездено небо.
- Улиците на стариот дел од градот
-стариот дел од градот, којшто започнува од познатата „Варош“ маала (основното училиште „Маршал Тито“) и води по патот кон старата струмичка џамија и пошта се местото кадешто живеат првите доселени струмичани. Тесни сокачиња и испреплетени улички, започната кула во изградба, староградска архитектура се само дел од нештата коишто ќе допринесат вашите слики да добијат печат од едно друго, поинакво време.
- Црквата „Свети Петнаесет тивериополски свештеномаченици“
-уникатната градба на црквата и живописниот двор создаваат неповторлив спој од елементи за совршени фотографии.
- Административната зграда на УЈП – Струмица
-новоизградената зграда во барок стил е несекојдневна позадина за фотографија, особено ноќно време, кога е соодветно осветлена.