360 СТЕПЕНИ: НЕОФИЦИЈАЛНО, ДО 19:00 ЧАСОТ ВО СТРУМИЦА ГЛАСАЛЕ 81 ЛИЦЕ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ ВО БУГАРИЈА!

април 4, 2021

До 19 часот, според неофицијални информации, нешто помалку од 500 лица во Македонија кои имаат право на глас на парламентарните избори во Бугарија, го искористиле своето право и гласале на едно од избирачките места во земјава. – пишува медиумот 360 СТЕПЕНИ.

Најмногу гласачи излегле во Скопје – 130. Во Охрид гласале 100 лица, во Штип 90, Струмица 81, а во Битола 70.

Во 19 часот, единствено е затворено гласачкото место во Битола, додека останатите беа затворени во 20:00 часот.

Во трката за 240-члениот бугарски парламент, на денешните избори се натпреваруваа 6 895 кандидати, предложени од 30 партии и коалиции. Според првичните проекции, во новиот парламентарен состав ќе има шест или седум партии.

Првичните проекции се дека владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов освоила најмногу од гласовите.

ИЗВОР: 360 СТЕПЕНИ

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ