(ВИДЕО) Струмичанецот Мите Стоилков му посвети песна на Оливер Драгојевиќ

август 6, 2018

Младиот пејач Мите Стоилков му посвети песна на легендарниот музичар Оливер Драгојевиќ, кој почина на 29 јули. Победникот на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Пинк“ од 2016 година, ја препеа неговата омилена песна од Оливер – „Вјеруј ми“.
„По повод заминувањето на големиот музички уметник Oliver Dragojevik кој зад себе остави многу големи и слушани хитови кои и понатаму ќе се слушаат и пејат, Ви ја претставуваме преработката на еден од најголемите негови хитови “Vjeruj mi”. Почивај во мир голем уметнику.

Воедно ви го претставувам мојот официјален бенд за соработка “DejaVu Band” и воедно ви ветуваме уште многу нови соработки. Уживајте.
Имајте убава вечер.“ – напиша Мите на неговиот фејсбук профил.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ