МАЈКАТА НА СОФИЈА СЕ’ УШТЕ СО НЕВЕРУВАЊЕ: НАШАТА СОФИЈА ОДИ НА ОПЕРАЦИЈА-БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ!

септември 6, 2018

Откако поминаа само три дена кога во понеделникот порталот СТРУМИЦА ДЕНЕС објави апел за малата струмичанка Софија на која итно и е потребно лекување на клиника во Турција кое изнесува 28.000 евра, проблемот со финансиите се реши! Покрај големиот одзив од луѓе низ цела Македонија, прв со конкретна помош се понуди Бојан Јовановски кој објави дека неговата телевизија 1ТВ и БЈМ Медиагруп целосно ќе го покријат лекувањето на Софија во Турција.

Мајката на Софија сеуште не може да си поверува дека некој кој не го познаваат го направи тоа за нив! Тимот на Струмица Денес ќе продолжи да го следи овој случај и се надеваме дека наскоро ќе ве изненадиме со фотографии од малата Софија која здравје боже ќе биде целосно излекувана.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: