ГОЛЕМО ОТВАРАЊЕ НА “Диско Базен АКВАРИУС” КОЈ НИ НАЈАВУВА ДЕКА ЛЕТОТО Е НА ПРАГОТ!

јуни 6, 2018


Официјално летната сезона во Струмица започнува со отворањето на вратите на најдобрата летна дискотека во Струмица – ”Disco Bazen AQUARIUS” кој му дава посебен белег на нашиот град и претставува синоним за најдобрите забави под отворено небо во регионот и Македонија.
Со своите магични забави Диско Базен AQUARIUS оваа сезона ни најавува уште едно незаборавно лето исполнето со забавни диско програми и гостување на светско познати Диџеи.
На 9ти Јуни ноќниот живот во Струмица добива нова димензија! Како и секоја година, така и оваа година ”Disco Bazen AQUARIUS” бомбастично ја започнува својата летна магија за која што ќе се погрижи светско познатиот DJ MAKASI !

DJ MAKASI со себе ги носи звуците од најпознатите светски фестивали и клубови како што се: TomorrowLand, The Colloseum (Las Vegas), Fashion Week – New York, настапува со најпознатите музички таленти – 50 Cent, Flo Rida, Nicole Scherzinger, Ne Yo и други Темата COME TOGETHER @AQUARIUS само ни најавува дека во Струмица ќе се случува инвазија од луѓе кои знаат што е добра музика и добра забава. 

Летната шема на “ Диско Базен AQUARIUS “ ќе биде изобилство од летни задоволства какви што познатите летни дестинации изобилуваат.

Коктел од базен, песок, сонце, музика, забава, бар, пијалок, храна – се што е потребно за вашето уживање го имате на нашата домашна локација, еден и единствен “Диско Базен AQUARIUS”, Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ