„Златната Петорка“ продолжува со своите успеси-Најгледан македонски филм во последната деценија

октомври 7, 2018

Долгометражниот игран филм „Златна петорка“ за петтемина струмички студенти на режисерот Горан Тренчовски и продукцијата Револушн, веќе трета сезона продолжува да се прикажува по светските фестивали и низ Македонија. Според статистиката, тој е најгледан македонски филм последната деценија. Досега филмот е прикажан на сите континенти, на 30-тина фестивали, а освоил десетина награди, меѓу кои пет се за најдобар филм. Синоќа (6 октомври) со почеток во 18 час. филмот се прикажа во Кинотеката на Македонија во Скопје на фестивалот КинеНова во чест на прерано починатиот актер Влатко Илиевски, во 19 час. филмот имаше проекција во Градското кино во Кратово, а исто така филмот синоќа се прикажa на меѓународна ревија во Cinema Teatro Blenio, Аквароса, Швајцарија.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ