ТИМОТ НА РЕСТОРАН ШАЛОМ СО ДВА ЗЛАТНИ И ЕДЕН СРЕБРЕН МЕДАЛ СЕ ВРАТИ ОД ГАСТРО КУП СРБИЈА 2018 ГОЛД!

октомври 9, 2018

Тимот на Ресторан Шалом овие денови присуствуваше на познатиот Гастро-Куп Србија 2018 Голд. Како и секогаш каде и да се појават „Шаломци“ се враќаат со големи успеси. Овојпат тие назад во Струмица се вратија со два златни и еден сребрен медал. Односно, златни медали освоија творецот на слатки чуда – Моника Ѓорѓевиќ и куварот Симе Стоилов кој покрај златен освои и сребрен под менторство на шеф Зоран Андонов. Искрени честитки од тимот на Струмица Денес.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ