strumica denes logo

Тајната за имињата на селата Моноспитово и Еднокуќево

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

август 15, 2019

Категории:

Култура

Селата Моноспитово и Еднокуќево се вечни соседи. Дали некогаш сте помислиле дека имињата на двете села имаат едно исто значење?

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Според некои легенди и и преданија, сегашното Моноспитово порано имало друга местоположба, односно се наоѓало во подножјето на планината Беласица. Барајќи подобри услови за живеење и заштита од постојаните напади, неговите жители се преселиле во месноста Комитска Корија. Но и таму претходниците на моноспитовци не се задржале долго време. Тие и натаму барале подобро место за живеење. Едно време се населиле во месноста Скубиврат, кај село Банско. Но тука некаква болест им ги уништувала децата. Така тие се населиле во месноста Селиште, која се наоѓа на еден километар јужно од сегашната местоположба. На тоа место тие изградиле неколку нови куќи, налик на сточарски колиби, подигнати на песокливо земјиште, на речен нанос. Денеска постојат остатоци од оваа мала примитивна населба, позната како „Блатски гробја“, што значи дека Блатото допирал до Селиште. Но поради многу мравјалници, и тоа место го напуштиле, и конечно се населиле на денешното место.

Се раскажува дека името на селото потекнува од грчките зборови „моно спити“, Во превод името на селото означува „една куќа“. Според преданието, едно високо воено лице на грчката војска, посматрајќи ја Струмичката Котлина од еден висок врв на планината Беласица, во полето кај Блатото, забалежал една куќа и рекол на својот придружник „Моно Спити!“. Веројатно во значење на „осамена куќа“, подоцна биле изградени и други куќи и така на почетокот била основана мала селска населба, која по „осамената куќа“ е наречена Моноспитово, исто како соседното Еднокуќево.