„Скриени откритија“ – изложба на струмичанката Верица Арапова во Струмица на 15 ноември!

ноември 9, 2019

Вo петок, 15 ноември, во галеријата на Музеј на град Струмица, ќе биде отворена изложба на Верица Арапова насловена “Скриени откритија”, организирана од Здружение за култура – Транзен. Официјалното отворање на изложбата ќе почне во 19:30 часот и ќе биде достапна за посетителите до 23 ноември.

Верица Арапова е дипломиран архитект на Факултетот за Архитектура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а целиот свој живот, паралено се занимава со сликарство и комбинирани техники.

Во нејзиното портфолио има учествувано на бројни колонии и групни изложби.

Користи комбинирана техника за нејзиниот ликовен израз, најчесто колаж со кој се движи од експресионизам до експериментален поп арт.

Оваа прва самостојна изложба Арапова ја работеше во изминатите две години, а во неа ќе бидат вклучени 25 дела.

Во претстојната изложба обработува флорални теми од природата, како и од неисцрпните инспирации на женскиот свет.

Делата во „Скриени откритија“, се сликарски пластови претопени еден во друг, кои се сокриваат еден со друг, живеат еден под друг – како посебни слики, а се откриваат секој посебно и само во очите на набљудивачот, зашто и зависат од неговата индивидуална перцепција, се гледаат одново и одново само преку неговото срце во секој единствен момент.

Настан: https://www.facebook.com/events/2447898505467235/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ