Новата книга за деца „Букварче мое другарче“ во издание на Просветно дело од струмичанката Сузана Мицева, ќе биде промовирана во среда, 22 март во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. Промоцијата ќе се одржи преку креативна книжевна работилница со цел најмалите да се запознаат со буквите и нивното изговарање.
Рецензент и промотор на книгата ќе биде професорката Ана Витанова Рингачева, свое воведно обраќање ќе има и Тања Гошева, a гостин на промоцијата ќе биде и писателот Киро Донев.
Книгата, покрај своите уметнички вредности, се вбројува и во листата на дела, што ја збогатуваат литературата за деца, која во последно време сѐ повеќе се популаризира.