Иако од страна изгледа дека е лесно да се биде диџеј, всушност не е така. За да се биде диџеј потребно е да имате вештини, тоа значи да знаете како да се справите со публиката и како да допрете до нив. Нашиот струмичанец Дени Михов ги поседува точно овие вештини.
Дени Михов или ДЈ ТЕРОР е момче од Струмица кој има 22 години. Тој ја започна својата кариера во Македонија и ја продолжи истата во Швајцарија. Дени своите музички почетоци ги започна со свирење клавир како хоби.
Струмица Денес: Здраво Дени, пред се, ви благодариме што ја прифативте оваа понуда да дадете интервју за нашиот портал. Кога започнавте да се бавите со пуштање музика, што е тоа што ве привлекува кон музиката и кој стил на музика го пуштате?
Дени: Здраво, најпрво и јас ви се заблагодарувам за поканата и за тоа што ќе бдам дел од вашето интервју. Во 2017 година јас започнав со мојата диџеј кариера. Започна како шала на почетокот се додека таа шала не премина во сериозност. Највеќе за музиката ме привлекува менувањето на расположението, и добар факт е дека музиката го поттикнува допаминот – хормонот на среќата. Од секогаш сум бил позитивен човек кој што исто така сака да ја пренесува таа позитива и на другите околу мене. Сите знаеме дека од година на година стилот на слушање на музика се менува и затоа ние диџеите мора да се прилагодуваме на тоа што сака публиката а не ние. Морам да кажам дека омилен стил на музика ми е Хип-хоп и тоа најмногу го пуштам.
Струмица Денес: Какво влијание има диџејот врз публиката?
Дени: Диџејот има огромно влијание врз публиката. Огромно мислам не само на музиката што ја пушта, туку како ја пушта таа музика и како се движи во текот на целата вечер.
Струмица Денес: Како изгледаа почетоците на оваа кариера и дали беа тешки?
Дени: На почетокот беше многу тешко, додека да ја стекнам довербата и поддршката од луѓето, а пред се самодовербата. Самодовербата е клучот кај секој човек за успех.
Струмица Денес: Како стигнавте до таму каде што сте сега?
Дени: Не се гледам на некое превисоко ниво, но сум среќен и благодарен за се што сум направил и постигнал сам, без ничија помош, туку само напорна работа, трпение и време.
Струмица Денес: Во текот на сетот, какви одлуки носите односно како ја избирате следната песна?
Дени: Никогаш не сум спремал и правел план како ќе се одвива забавата. Се правам на лице место во зависност од народот. Кога го гледам народот автоматски ми се активира инстинктот и ми доаѓаат идеи за која би била следна песна и уникатен начин како од едната да преминам во другата песна.
Струмица Денес: За кое достигнување најмногу се гордеете?
Дени: Се гордеам и сум среќен што сум имал прилика да настапувам рамо до рамо со многу
балкански звезди.
Струмица Денес: После сите овие настапи, дали сеуште имате пеперутки во стомакот пред да излезете на сцена?
Дени: Кога се работи за место каде што треба да настапувам прв пат, сеуште имам да, ама сето тоа трае само 10 минути.
Струмица Денес: Како успеавте да се пробиете во Швајцарија, дали беше лесно да ја освоите публиката и таму?
Дени: Пак ќе кажам, напорна работа, трпение и време. На почетокот ми беше тешко затоа што сосем друг народ, средина и музика за разлика од Македонија, но за многу брзо време се адаптирав и ја освоив публиката и овде, и веќе имам поддршка и фанови.
Струмица Денес: Како што можеме да видиме таму сте по активни за разлика од Македонија, дали сте задоволни од досегашниот успех таму?
Дени: Сите знаеме дека туѓото се сака и цени повеќе. Во Македонија не ми пружеа толку прилики за да ги докажам моите вештини, а за успехот до сега овде сум среќен и благодарен многу, но верувам во себе и знам дека можам уште повеќе.
Струмица Денес: И за крај, имате ли некои совети за идната генерација на диџеи?
Дени: Верувајте во себе, работете на себе, не се откажувајте од целта никогаш, зашто секој пад е дел од успехот. Поздрав ве сакам (Деки Цуг).