ИНТЕРВЈУ НА СТРУМИЦА ДЕНЕС СО ДАНИ ДИМИТРОВСКА КОЈА ВО САБОТА ВО СТРУМИЦА ЌЕ ОДРЖИ КОНЦЕРТ СО ОДЛИЧЕН ИЗБОР НА СВЕТСКИ РОК КЛАСИЦИ!

февруари 18, 2020

Во сабота со почеток од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, впечатливата и секогаш своја Дани Димитровска ќе одржи свој концерт, но овојпат со поинакот репертоар од вообичаеното. Дани заедно со симфонискиот оркестар на струмичани ќе им понуди одличен избор рок класици во специјачни аранжмани на диригентот Владимир Димовски и неговиот оркестар. По тој повод, во продолжение погледнете го интервјуто на Струмица Денес со Дани Димитровска!

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Цели две децении Дани на македонската музичка сцена. Овојпат во Струмица ни доаѓаш со поинаков репертоар. Што е она што овојпат ќе понудите?

ДАНИ: Концертот во филхармонија одржан лани ова време, насловен ROCK SIMPHONY, беше одбележување на 20 години постоење на македонската музичка сцена каде со филхармонискиот оркестар понудивме авторски материјал. Оваа година го продолжуваме симфонискиот концерт со таа разлика што ќе понудиме светски рок хитови кои одбележале децении во урбаниот музички свет. Оваа турнеја ја започнуваме со Струмица на 22 февруари (сабота) во 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Какво е вашето искуство со струмичката публика судејќи по претходните настапи во нашиот град? Според вас, дали Струмица слуша и знае да препознае квалитетна музика?

ДАНИ: Секој човек знае да препознае квалитетна музика доколку ја сака музиката и слуша со срцето. Секој отворен човек кој не живее во стеги и граници слуша квалитетна музика која инспирира и не учи на љубов. Струмица ја паметам од 2013 година кога урбаната забавна мелодија владееше. Народот слуша тоа што му се нуди. Струмица ја знам насмеана, гостопримлива и спремна за акција.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Од каде целата таа идеја за еден ваков проект заедно со симфониски оркестар и дали сте задоволни од досегашните настапи и концерти низ Македонија?

ДАНИ: Идејата за ваков концепт е новитет во светски рамки. Ваков концепт отсекогаш сум сакала и овојпат запнав да го направам бидејќи нема подобро време од СЕГА! Презадоволна сум од приемчивоста на публиката од досегашните концерти и воодушевена сум од глетката на опуштената публика на која во очите им се познава дека баш во овие два часа не постојат проблеми.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што да очекуваме од Дани во иднина?

ДАНИ: Музика, музика, музика…

СТРУМИЦА ДЕНЕС: За крај, што би им препорачале на струмичани?

ДАНИ: Препорачувам отворени срца, насмеани очи у усни полни со љубов за своите и туѓите. Посакувам висока свест за македонската музика. Посакувам човечност!

Инаку, влезниците по цена од 250 денари може да се купат на билетарницата на НУЦК „Антон Панов“ секој работен ден од 10:00 до 15:00 часот и во БУ и Концепт во Струмица.

Фото: Столе Ангелов

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ