По повод долгогодишната соработка помеѓу СОУ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“-СТРУМИЦА и земјоделското училиште од Пожарец-Србија „СОЊА МАРИНКОВИЌ“, денеска во спортската сала на СОУ „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ двете училишта заедно со професорите и учениците имаа можност да уживаат во едночасовните музички изведби на учениците од двете збратимени училишта.