ДЕЦАТА ДА УЧАТ ОД ПОЗИТИВНИТЕ ПРИМЕРИ НА СВОИТЕ ВРСНИЦИ!

март 2, 2019

Денес на првиот ден од месецот март се случи вистински пролетен ден во детските срца. Во организација на библиотекарката на ООУ,,Никола Вапцаров’’, Струмица, Наташа Цонева-Лазаревска, во континуитет на светскиот проект,,Innovate your dreams’’ , а во соработка со ООУ,,Сандо Масев’’,Струмица и Народна техника, Струмица се случи средба со Ангела Николова, ученичка од деветто одделение од ,,Сандо Масев’’ која е третонаградена на ниво на Македонија за проект од областа на програмирањето. Таа со нејзината наставничка Билјана Николова пред учесниците во проектот, ученици од трето до деветто одделение ги презентираше своите проекти кои наоѓаат примена во спортот, екологијата и географијата. Со голема возбуда децата научија за микро битот и каде може да истражуваат за истиот, за електронска корпа за електронски отпадок и за електронски компас, но, пред се, стекнаа нова другарка од друго училиште. Ангела одговори на нивната љуботнистност, колку време треба да се посвети на учењето за да се постигнат такви резултати, дали има време за забава и колку детето треба да е свесно за своите таленти и и да работи, зашто со само со труд човек може да се надмине себе си .
Библиотекарската секција при ООУ,,Никола Вапцаров’’, Струмица работи на талентите на своите ученици, истовремено со вакви активности докажува дека отворена е за нови познанства и нови знаења од сите области, од целиот свет само за доброто на децата.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ