strumica denes logo

Факти кои треба да ги знаете за Боро Поцков!

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Автор:

Датум:

јули 14, 2019

Категории:

Култура

Боро (Боривој) Поцков познат и како Мирко Шпанецот е роден во Струмица, на 18 април 1916 година, и умира во  Струмица на 19 јуни 1981. Тоа е познато име во Струмица и струмичките улици и засекогаш ќе остане запомнето поради значајниот и пожртвуван придонес во истрајноста за остварување на македонските интереси.

Постарите ќе ви кажат дека Боро Поцков е наш истакнат револуционер, а помладите допрва треба да бидат запознати со неговиот живот и дело. Нека оваа статија биде еден убав потсетник за младите струмичани:

  • Боро Поцков е роден во Струмица на 18 април 1916 година. Завршил три класа гимназија по што во Белград го учи печатарскиот занает.
  • Во пролетта 1938 година заминал за Шпанија каде од април 1938 бил борец во еден од илјадниците баталјони, во текот на Шпанската граѓанска војна.
  • По повлекувањето од Шпанија бил во концентрационите логори во Франција. По капитулацијата на Франција, со група од 50-тина југословенски логораши заминува на работа во Германија, каде е одреден да работи во градот Хале во близина на Лајпциг. Во мај 1941 година, заедно со неколку други југословенски логораши, успева да избега и се враќа во Југославија.
  • Во септември 1941 година се префрла во Сараево и се вклучува во народноослободителната борба на Босна и Херцеговина.Една година подоцна, повторно бил заробен и предаден на Германците. Откако поминал два месеци во затвор во Сараево, бил испратен назад во работните логори во Германија, каде останал девет месеци.
  • По успешното бегство, се вклучува во НОВ на Македонија и станува командант на Петтата оперативна зона. Бил командант на Кумановскиот и на Струмичкиот партизански одред, началник на штаб и командант на дивизија на НОВЈ. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ.
  • По ослободувањето, работи во УДБА, а потоа во декември 1947 година е испратен на школување во СССР, на Фрунзеовата академија.
  • По пензионирањето бил сојузен пратеник во два мандати и пратеник во Собранието на Социјалистичка Република Македонија.