bandr
Интервју Струмица

(ЕКСКЛУЗИВНО) ГЕРИ НИКОЛ ЌЕ НАСТАПИ НА ПРВАТА ВЕЧЕР НА СТРУМИЦА ОПЕН ФЕСТ 2019!

Официјалната страница на Струмица Опен Фест објави дека  на големата фестивалска сцена ќе се појави и уште едно познато име на музички изведувач од овие простори – Гери Никол.

Дваесетиеден годишната пејачка со потекло од Варна, ќе настапи на првата фестивалска вечер. Неколкуте нејзини хитови се добро познати на младата публика, па оттаму и одлуката таа да се појави како гост изненадување.