Официјалната страница на Струмица Опен Фест објави дека на големата фестивалска сцена ќе се појави и уште едно познато име на музички изведувач од овие простори – Гери Никол.
Дваесетиеден годишната пејачка со потекло од Варна, ќе настапи на првата фестивалска вечер. Неколкуте нејзини хитови се добро познати на младата публика, па оттаму и одлуката таа да се појави како гост изненадување.