Интервју со д-р Бојан Иванов од „Дентанова“ – најновата стоматолошка ординација во Струмица

октомври 8, 2018

 

Д-р Бојан Иванов завршува на стоматолошкиот факултет на државниот универзитет Св. Кирил и Методи во Скопје во 2010год. По повекегодишно работно искуство поточно од 2011 год во реномирани ординации на 1 септември 2018год. ја отвара својата стоматолошка ординација ПЗУ ДЕНТАНОВА Д-р Бојан Иванов.

1.Кои услуги ги нудите во вашата ординација?

Нудиме секаков вид на стоматолошки услуги со врвен квалитет,пломбирање и лекување заби, надополнување на изгубени заби,чистење забен камен белеење,залевање и заштита кај деца и мн др услуги.

2.Дали работите со деца?

Секако тие ни се една од најважните и најосетлива категорија на пациенти.Се трудиме да им објасниме на родителите за важноста уште од најрана возраст да се посетува стоматолог за децата да имаат што помалку проблеми,безболно и безгрижно детство и здрави заби се разбира 🙂

3.Како се справувате со пациенти кои се исплашени и имаат страв од стоматолог?

Најважен е правилниот пристап спрема таквите пациенти.Стоматологот мора да пристапи со пријателски однос и со смирувачки тон спрема пациентот.Се обидуваме да му објасниме дека нема да има процедура која предизвикува болка и дека тоа е во интерес на неговото здравје.

4.Кога и колку пати е потребно да се посети стоматолог?

За најмалите возрасти препорачуваме посета веднаш по никнувањето на сите млечни заби негде околу 2 годишна возраст но не е погрешно доколку некои родители и порано го однесат своето дете на стоматолог. Кај повозрасните доколку нема проблеми препорачуваме 2 -3 пати годишна посета на стоматолог поради контрола и чистење забен камен.

5.Дали ги следите најновите трендови во стоматологијата?

Да постојано се надоградуваме со посети на различни курсеви и предавања од повеке области посебно во делот на естетска стоматологија.

За крај некои препораки до пациентите:
Редовно четкање на забите,редовна посета на стоматолог и им препорачуваме на пациентите да немаат страв од стоматолог зошто ние пред се се грижиме за вашето здравје и вашата насмевка.

ДЕНТАНОВА СЕ НАОЃА НАСПРОТИ ГЛАВНИОТ ВЛЕЗ НА НОВАТА БОЛНИЦА ВО СТРУМИЦА!

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ