strumica denes logo

ДА СПОДЕЛУВАМЕ СИТЕ: ИМАМЕ УШТЕ 12 ДЕНА ДА СОБЕРЕМЕ УШТЕ 6.000 ЕВРА, ДА ДОНИРАМЕ НА БРОЕВИТЕ ЗА НАШАТА СТРУМИЧАНКА!

Автор:

Датум:

април 6, 2018

Категории:

Хуманост

Автор:

Датум:

април 6, 2018

Категории:

Хуманост

Имаме уште 12 дена додека се активни донациските броеви. Недостигаат уште 6000 евра за една мајка да може да замине на лекување во Русија. Уште 6000 евра за да може да застане на нозе, за да може да продолжи да се радува на животот заедно со нејзините деца, со нејзиното семејство.

“Ајде мамо стани, подигни се, ајде покажи ми да си го напишам моето име” – нејзините деца сакаат да ја видат нивната мајка на нозе, сакаат да ја видат здрава, да биде покрај нив. За тоа да им помогнеме.

Да помогнеме Ирена да ги собере потребните средства. Да ја покажеме и овој пат нашата хуманост. 100 денари за нас за Ирена значат можност да застане на нозе. Да не дозволиме парите да бидат причина за еден нормален живот.

Доколку не сте во можност да донирате може да споделите – може некој од вашите пријатели ќе може да донира.
143 115 Телеком
143 500 Вип/Оне
#Донираме #Споделуваме #ЗаИрена