strumica denes logo

ЖИТЕЛ НА АРАЧИНОВО УАПСЕН ВО СТРУМИЦА – ВО НЕГОВОТО КОМБЕ ПРОНАЈДЕНИ 36 МИГРАНТИ!

Автор:

Датум:

јануари 15, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

јануари 15, 2020

Категории:

Хроника

На 14.01.2020 полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(29) од с.Арачиново, скопско, поради тоа што во 05.45 часот, на регионалниот пат помеѓу селата Куклиш и Свидовица, струмичко, при преглед на товарно возило „рено мастер“, со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 36 мигранти (двајца од Ирак, еден од Камерун, тројца од Пакистан, девет од Авганистан и 21 од Сирија). Б.А. бил задржан во Полициската станица во Струмица. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.