Perdormire
Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: 24 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН!

Во текот на вчерашниот ден во 16:40 часот е пријавено дека на магистралниот пат Штип – Делчево кај место викано ,,Српски гроп“, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило ,,Рено“ со винички регистарски ознаки управувано од С.С.(52) од село Лески и патничко моторно возило ,,Сеат“ со струмички регистарски ознаки управувано од В.И.(46) од Струмица.

Како што информираат од МВР, во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Б.К.(24) од село Бориево, кој по укажаната лекарска помош во Јавна здравствена установа Кочани е препратен во Клинички центар Штип, додека со телесни повреди се здобиле сопатникот од возилото И.К.(68) од Струмица и сопатникот во товарното возило В.М.(34) од Виница на кои им е укажана лекарска помош во Јавна здравствена установа Кочани.

Од страна на полицијата извршен е увид на местото на настанот.