strumica denes logo

ВО КУКЛИШ ВО КОМБЕ ПРОНАЈДЕНИ 53 МИГРАНТИ!

Автор:

Датум:

февруари 13, 2020

Категории:

Хроника

Автор:

Датум:

февруари 13, 2020

Категории:

Хроника

На 12.02.2020 околу 19.30 часот кај с.Куклиш, струмичко, во координација на Регионалните центри за гранични работи Југ и Исток, од слобода бил лишен Ф.С.(43) од с.Дорломбос, валандовско, затоа што при преглед во товарно моторно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 53 мигранти (37 од Авганистан, 12 од Пакистан, двајца од Индија, еден од Ирак и еден од Египет). Ф.С. бил приведен во СВР Струмица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава. Мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба-Скопје“ и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија.