Денеска до Редакцијата на Струмица Денес пристигнаа фотографии од наши читатели на кои ни објаснија дека синоќа околу еден часот по полноќ непознати лица лудувале низ градскиот плоштад во Струмица со коњска кола кои повеќе пати поминале низ него и ги вознемирувале граѓаните кои се движеле во тој момент низ плоштадот. Читателите ни потенцираа дека оваа лудило еднаш засекогаш мора да престане.