ВО АВТОМОБИЛОТ НА 23 ГОДИШЕН СТРУМИЧАНЕЦ ПРОНАЈДЕНА Е МАРИХУАНА, СЕМКИ ОД МАРИХУАНА И МЕТАЛНА ДРОБИЛКА!

февруари 8, 2019

На 07.02.2019 година во 22,00 часот на регионалниот пат село Банско – ,,Свидовичка раскрсница“, запрено е и контролирано патничко моторно возило „БМВ“ со струмички регистарски ознаки управувано од А.С.(23) од село Банско, струмичко. При преглед во возилото пронајдена е марихуана, семки од марихуана и метална дробилка. Лицето е лишено од слобода во СВР Струмица. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ