На 28.12.2019 во 14.25 часот во Полициската станица Струмица И.Н (64) од с.Робово пријавил дека околу 12.45 часот на паркинг во близина на маркет на бул.,,Гоце Делчев,, во Струмица поради претходно недоразбирање бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 28.12.2019 околу 05.30 часот во СВР Струмица, Е.Ф(32) од Струмица пријавил дека настанал пожар во куќата сопственост на И.А (41) на ул. ,,Бетовенова,,.Пожарот бил изгаснат. ИЗвршен е увид.
На 29.12.2019 во 02,15 часот во СВР Струмица, Ц.Ј (57) од с.Мокрино пријавил дека околу 01,20 часот во хотел во Струмица бил физички нападнат од А.Н. од с.Дабиле, по што настанала физичка пресметка помеќу повеќе лица кои биле присутни во објектот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
На 28.12.2019 во СВР Струмица било пријавено дека во Медицински центар Струмица, бил донесен В.С (49) од с. Ињево кој се повредил при пад во отвор за лифт во зграда, на ул ,,Моша Пијаде,, во Струмица. В.С. бил пренесен во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Струмица.