Граѓаните кои живеат на улицата „Ристо Ќурчиев“ секоја ноќ се соочуваат со истиот проблем, односно со гласната музика до зори…
„Ние сме граѓани кои живеат во Струмица на улицата „Ристо Ќурчиев“ и секоја ноќ се соочуваме со истиот проблем-музика и песни до зори…Се јавуваме секоја ноќ во полиција но нема никаква реакција. Затоа го испративме видеото до вашата редакција за да се објави, не се гледа но се слуша со што секоја ноќ се соочуваме“ – вели еден од станарите на оваа улица.