Во последниот период се повеќе видеа ни пристигнуваат од измачувањето на коњите во Струмица. Вчера околу 14:00 часот на центарот во Струмица или поточно кај „Бурчо“, коњ најверојатно од преуморба паднал на земја и веднаш потоа неговиот сопственик почнал да го тепа.
„Го тепаше, ама ме виде како го снимам и ми рече, што ме снимаш? Веднаш избриши.“ – вели очевидецот кој ни го испрати видеото.
Едно е јасно, оваа „лудило“ со измачувањето на коњите мора да престане…