strumica denes logo

УАПСЕНО ЕДНО ЛИЦЕ ОД ВАСИЛЕВО КОЕ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА УКРАЛ БАКАРНИ ЦЕВКИ ОД СИСТЕМИТЕ ЗА ГАС И ЛАДЕЊЕ ВО НЕКОЛКУ КОМПАНИИ ВО СТРУМИЦА!

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Категории:

Хроника, Струмица

На 30.03.2022 во 11.30 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Д.Г.(37) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека во периодот од 17.03.2022 до 30.03.2022 извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „предизвикување општа опасност“, односно одзел бакарни цевки од системите за гас и ладење во неколку правни субјекти на подрачје на Струмица.

Кај него биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела . Д.Г. бил задржан во Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на делата против него ќе биде поднесена соодветна пријава.