bandr
Хроника

УАПСЕН ТАТКОТО НА РЕЖИСЕРОТ ЈАНИ БОЈАЏИ ВО СТРУМИЦА!

Како што објави на својот официјален фејсбук профил, познатиот режисер Јани Бојаџи вели дека во домот на неговите родители во Струмица е извршен претрес а по неколку часа неговиот татко Андони е приведен и донесен во полициската станица во Гази Баба во Скопје.

„Почитувани, да, утринава во домот на моите родители во Струмица е извршен претрес и после неколку часа мојот татко Андони (75) е донесен во Скопје и приведен во полициската станица во Гази Баба. До овој момент со него не разговарал полициски инспектор, обвинител или судија! Ви благодарам на подршката на сите вас кои денес од раните утрински часови бевте со мене и моето семејство.Да сте живи и здрави. Се гледаме за помалку од час во Кино Милениум.Татко ми со мислите ќе биде со сите нас!“ – напиша тој.