Тракторист во Струмичко се превртел и починал!

мај 12, 2018

А.С. (41) од село Турново, управувајќи трактор „Фергусон Масеј“, изгубил контрола и се превртел по што, од здобиените повреди починал на самото место.

Како што соопшти МВР, несреќата се случила вчера попладне околу 17:15 часот на локалниот пат од село Турново – село Бориево, Струмичко.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ИЗВОР: МИА

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ