ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ВО СТРУМИЧКО – ВОЗАЧОТ НА АВТОМОБИЛОТ ТЕШКО ПОВРЕДЕН!

јуни 26, 2021

На 26.06.2021 во 04.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица – Ново Село, на делницата помеѓу крстосницата за с.Зубово и Ново Село, И.С.(22) од с.Ново Село, управувајќи патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот И.Н.(19) од Ново Село се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: