Тажен ден за македонскиот фудбал: Почина големиот струмичанец Благој Истатов

септември 27, 2018

Денеска е тажен ден за македонскиот фудбал, поради смртта на легендарнот голман во историјата на нашиот фудбал, Благој Истатов. Тој почина утрово на 71 годишна возраст.

Истатов во кариерата настапуваше за Беласица, Победа, Партизан и Утрехт, а бил тренер и на Беласица и уште неколку македонски прволигашки тимови. Исто така бил тренер и на голманската селекција на Македонија.

Пред неколку години тој основа фудбалска школа во Дојран, а во 2010 година основал школа и во Струмица. Погребот ќе биде во утре, во 13 часот во Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ