Perdormire
Хроника

СВР СТРУМИЦА СО НОВА КРИВИЧНА ПРИЈАВА:Без факултет и лиценца вршела очни прегледи и одредувла диоптер на пациенти!

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Г. (62) од Гевгелија поради постоење основи сомнение за сторено кривично дело „надрилекарство“.

Како што соопшти МВР, во периодот од мај 2016 година до поднесување на пријавата, пријавената, без да поседува соодветно образование, положен стручен испит и лиценца за работа за вршење на лекарска дејност, вршела очни прегледи и одредувала диоптрија на пациенти.