СВР СТРУМИЦА: Раководител на ЈП пишувал дневници на вработен додека извршувал приватни работи

јуни 1, 2018

Раководител на сектор во Јавно претпријатие од Радовиш го оштетил претпријатието за 5.000 евра, пишувајќи дневници за полно работно време на вработен, додека извршувал приватна дејност.

Како што соопшти МВР, Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Г.Д.(44) од Радовиш за сторено кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во текот на 2016 и 2017 година, пријавениот, како раководител на сектор во ЈП „Плаваја“ – Радовиш, во повеќе наврати, во платните списоци и дневните евиденции за вработениот Р.М. евидентирал полно работно време, додека извршувал приватна дејност утовар, превоз и истовар на дрвни сортименти. Со ова пријавениот му овозможил на Р.М. да се стекне со противправна имотна корист од 325.000 денари на штета на ЈП „Плаваја“ – Радовиш.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ