СВЕДОШТВО НА СТРУМИЧАНЕЦ: РОДИТЕЛИ, КАЈ ВИ Е ПАМЕТОТ? ЗА МАЛКУ ВАШИТЕ ДЕЦА ЌЕ ЗАГИНЕА!

септември 22, 2018

„Четири часот по полноќ. Со автомобилот си одам накај дома, на центарот во Дабиле имаше паркирано едно комбе…Само што го одминав директно пред колата ми излегуваат две деца со неосветлен мотор. Среќа што возам како што си треба во населени места инаку ќе имаше две деца во болница или недај Боже погреб“ – вака го започна разговорот со нас еден струмичанец кој пред неколку дена се соочил со оваа случка.

Овој проблем трае со години наназад, но родителите никако да си ја сфатат својата грешка и продолжуваат на нивните деца да им купуваат мотори кои подоцна им носат голема несреќа. Личноста која се соочила со оваа случка ни раскажува дека откако за среќа го видел неосветлениот мотор децата многу се исплашиле, едното рипнало од моторот и побегнало додека пак момчето што го возело моторот се „скаменил“ на истиот.

„Почнав да му викам, го прашав каде им е паметот? Нели гледаат, ако возев побрзо што ќе се случеше? Колку е часот така да возите со неосветлен мотор? Така ли се излегува пред автомобил? Детето само збунето ме погледна и ми рече дека му е многу ладно. И му рекoл: Бате извини, од Просениково сме ние…Веднаш потоа се јавив во полиција и’ им ја објаснив ситуацијата. Тие ми одговорија дека за среќа не се случило никаква беља. Дека не е до нив туку до родителите. Шо  да направаме чим од дома се го испуштиле? Рекоа од полиција“.

Само оваа лето настрадаа многу наши млади луѓе од моторите, многу се повредија а и се’уште некои се и во кома. Граѓаните едногласно коментираат секојдневно „Не се криви децата, родителите се за ќотек“.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ