СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА СО АПЕЛ: НЕ ИМ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НА ДЕЦАТА ДА ВОЗАТ МОТОР БЕЗ ДОЗВОЛА!

август 24, 2018

ИЗВОР: СИТЕЛ!

Управувањето мотори без довола и без заштитна опрема може да биде фатално. Само последниот месец во струмичкиот регион две деца на возраст од 14 и 15 години кои управувале мотор го загубија животот, а едно 13 годишно момче беше тешко повредено. Од струмичката полиција со апел до сите учесници во сообраќајот, а посебно до родителите да обрнат поголемо внимание на нивните деца и никако да не дозволат управување  на мотори без дозвола, а доколку ја имаат задолжително да се носи потребната заштитна опрема бидејчи токму оваа категорија на учесници во сообраќајот е една од најризичните .

,, Апелираме до родителите да не дозволуваат децата да учествуваат во сообраќај и да управуваат велосипед со мотор, мопеди или пак моторцикли пред да се стекнат со право на управување со тој вид на возило, а доколку се имаат стекнато да не дозволуваат да ги управуваат тие возила без да имаат заштитна кацига на главата затоа што тој вид на возило е најнезаштитено возило и секој пад од тоа возило сноси последици.,, вели  Тони Божиков – СВР Струмица.

Со цел да се подигне свеста за последиците од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и за безбедноста во сообраќајот полицијата веќе извесен период спроведува акциски контроли наменети  пред се за возачите со мотори. Во дел од контролите  активно беа вклучени и членовите на струмичкиот мото клуб.

Од СВР Струмица најавуваат  продолжување на контролите кои во иднина освен превентивни ќе бидат и репресивни. Казните за возачите на мотори и мотоцикли  кои не ги почитуваат правилата и прописите се движат од од 50 до 500 евра во зависнот од прекршокот.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ