СТРУМИЧКАТА ПОЛИЦИЈА КАЈ ТРИ ВОДИ ОТКРИ КОМБЕ СО 50 МИГРАНТИ!

јули 28, 2020

На 27.07.2020 во 19.30 часот на локален пат кон село Три води, во непосредна близина на Раборска крстосница, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Х.(25) од Велес. При контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Д.Х. биле пронајдени 50 мигранти и тоа 33 од Бангладеш, 15 од Пакистан и две лица од Авганистан. Д.Х. бил приведен и задржан во Полициската станица Струмица, а увид на местото извршиле екипи на Регонален центар за гранични работи и Секторот за внатрешни работи Струмица. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: