Perdormire
Хроника

СТРУМИЧАНКАТА КОЈА БИЛА ВО АВТОБУСОТ КОЈ СИНОЌА СЕ ПРЕВРТЕ Е ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА!

Home

Струмичанката Ј.Г која синоќа беше во автобусот кој се преврте во провалија во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје-Тетово е во добра здравствена состојба, дознава Струмица Денес. Како што не информираа, таа се здобила со повеќе повреди но не е во животна опасност. Во тешката сообраќајна несреќа има над 30 повредени и 15 загинати. Владата на Република Македонија прогласи дводневна жалост во цела Македонија.