Струмичанка која привремено живеела во Гостивар, починала во гостиварската болница!

мај 8, 2018

 

Синоќа половина час по полноќ, во гостиварската општа болница „Ферид Мурат“ била донесена 40-годишната К.Т. од Струмица, која времено престојувала во Гостивар и која побарала лекарска помош. Набрзо, нејзината здравствена состојба и се влошила и за кусо време, жената починала, соопшти полицијата.

Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар извршиле комплетен увид, а врз безживотното тело на К.Т. ќе се врши обдукција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: