Струмичанец загина во тешка сообраќајка!

септември 7, 2018

На регионалниот пат село Ново Село-село Мокрино, струмичко, вчера околу 18.30  патничко возило „Тојота Корола“ со струмички регистарски ознаки, управувано од  Е.Д.(69) од село Мокрино, излетало од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен во болницата во Струмица каде починал.

МВЕ денеска соопшти дека увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: