bandr
Хроника

СТРУМИЧАНЕЦ УАПСЕН НА АЕРОДРОМОТ ВО СКОПЈЕ!

Струмичанец бил уапсен вчера во 16.30 часот на граничниот премин „Меѓународен Аеродром Скопје“.

При пасошка контрола, било констатирано дека лицето П.А.(34) од Струмица, се наоѓа на листата со мерка „А” (апси). Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, соопштуваат од МВР.