СТРУМИЧАНЕЦ ТЕШКО ПОВРЕДЕН ВО СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ИТНО Е ПРЕНЕСЕН НА ЕДНА ОД КЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ!

март 13, 2019

На 12.03.2019 во 16.45 часот на крстосница од регионалниот пат село Куклиш-село Банско, во село Мокриево-струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(59) од Струмица и мотоцикл „Јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од К.Т.(30) од село Мокрино. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кој по укажаната помош во Медицинскиот центар во Струмица, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ