СТРУМИЧАНЕЦ ЌЕ ОДГОВАРА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА: НА МАЛИ ДЕЦА ИМ ПОКАЖУВАЛ ПОРНО КЛИПОВИ!

јуни 21, 2018

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против 48-годишниот К.К. од село Муртино, струмичко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикажување на порнографски материјал на дете“.

На 13.05.2018 година пријавениот, додека ловел риби на реката близу село Еднокуќево, се доближиле две малолетни деца, по што истиот од мобилниот телефон им покажувал видео клипови со порнографски содржини.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ