bandr
Хроника

СТРУМИЦА МЕЃУ ПЕТТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ!

Загадувањето на воздухот во изминатите два дена во Струмица како и во други градови го надмина дозволениот праг. Властите поради ваквата состојба издадоа само препораки до граѓаните меѓу кои се користење јавен превоз, правилно користење на печките за дрва и ограничено движење на отворен простор на децата, старите и хронично болните лица. Верувале или не, Струмица синоќа според waqi.info се најде меѓу петте најзагадени градови во светот. Струмичани синоќа на социјалните мрежи остро реагираа за негрижата на надлежните. Се очекува загаденоста од ден на ден се повеќе да расте.